Утрински Весник
Македонија

Претставници на Европската конфедерација на синдикати во посета на ССМ

Trendafilov Ssm So Evropska Konfederacija Na Sindikati.jpg
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Сојузот на синдикати на Македонија доби поддршка од Европската конфедерација на синдикати (ETUC) чии претставници попладнево пристигнаа во земјава, а за утре е најавена заедничка прес-конференција.

Од Сојузот на синдикати попладнево информираа дека на средбата било разговарано за социјалниот дијалог во земјава и за почитувањето на работничките права за што претставниците на Европската конфедерација на синдикати следниот вторник ќе треба да реферираат за овие состојби во земјите кандидати за членство во Европската унија.


Претседателот на ССМ Слободан Трендафилов ги информирал претставниците на Европската конфедерација на синдикатите за активностите што ги презема синдикатот за зголемување на минималната плата, како и за зголемување на платите во јавниот сектор согласно Општиот колективен договор за јавен сектор и потребата од зголемување на сите плати во приватниот сектор со растот на минималната плата.

– Истовремено, информираше и за политичките притисоци врз ССМ и неговото раководство, недостатокот на социјален дијалог со неможноста синдикатите да имаат свој репрезентативен претставник во Економско – социјалниот совет од почетокот на годината, како и за упадите во синдикатите со цел истите да се оневозможат да се борат за зголемување на работничките плати, се наведува во објавата на ССМ.

За случувањата во земјава, како што е наведено во објавата, ќе бидат информирани и европските институции.

Можете да прочитате

МВР со нова кривична пријава за поранешниот струмички градоначалник

Филипче од Брисел: Барам поддршка од Европа за одбрана на демократијата во Македонија

Полициски претреси на повеќе локации: Бујар Дардишта предмет на истрага