Утрински Весник
Свет

Претставничкиот дом на САД усвои резолуција за прекин на воените дејствија против Иран

Us senat.webp.webp

Претставничкиот дом на Конгресот на САД усвои резолуција со која се бара прекин на воените дејствија против Иран без претходно одобрение од Конгресот.

Резолуцијата, предводена од демократите, беше усвоена со 215 гласови „за“ и 208 „против“, а ја поддржаа и четворица републикански конгресмени.


Иако гласањето претставува „политички удар“ за претседателот Доналд Трамп, мерката засега има симболично значење, бидејќи за да стапи во сила, резолуцијата би морал да ја усвои и Сенатот, а за надминување на очекуваното претседателско вето би било потребно двотретинско мнозинство во двата дома на Конгресот.

Гласањето следуваше по три претходни неуспешни обиди за усвојување слични резолуции во Претставничкиот дом, при што разликата меѓу поддржувачите и противниците стануваше сè помала.

Сенатот минатиот месец, по седум неуспешни обиди, во процедурално гласање усвои посебна, но содржински слична резолуција за воените овластувања. 

Можете да прочитате

Путин ќе одговара на прашања од „западни“ новинари во Санкт Петербург

Иран тврди дека нема напредок, Трамп вели дека преговорите одат „многу добро“

Израел и Либан се договорија за обнова на прекинот на огнот по разговорите со посредство на САД