Утрински Весник
Култура

Претставата „Народен непријател“ гостува во Црна Гора

Претставата „Народен непријател“ гостува во Црна Гора

По фестивалското гостување во Витербо, Италија, Македонскиот народен театар со претставата „Народен непријател“ ќе учествува и на 18. Меѓународен фестивал на актерот, Никшиќ 2022.

dobivaj vesti na viber

Во натпреварувачкиот дел од програмата, која ќе трае од 7 до 12 ноември, ќе бидат изведени 6 (шест) театарски претстави од Црна Гора и регионот (Р Србија, Р Хрватска, БиХ и РС Македонија).
Претставата „Народен непријател“ во која играат: Никола Ристановски, Звездана Ангеловска, Дарја Ризова, Јана Вељановска, Ана Арсовска/Лана Грпчевски, Благој Веселинов, Петре Арсовски, Сашка Димитровска, Александар Михајловски,
Нино Леви и Мартин Ѓоргоски, ќе се одигра на последната натпреварувачка вечер на 12 ноември на сцената на Никшиќко позориште.

Доделувањето на наградите ќе се одржи на 13 ноември, кога фестивалот и свечено ќе биде затворен, а во чест на наградените ќе биде изведена претставата „Народен пратеник“ во продукција на Никшиќко позориште.

Следните изведби на „Народен непријател“ се закажани во МНТ на 24 и 25 ноември, а билетите се достапни преку веб-страницата www.mnt.mk, како и на билетарницата која работи секој работен ден и сабота од 12:00 до 20:00 часот.

пр

Можете да прочитате

Се заострува режимот за градби во старото градско јадро на Охрид 

Костадиновска-Стојчевска: Со отворена соработка со УНЕСКО и заеднички активности ќе го штитиме природното и културното наследство во Охрид

19 романи избрани во првата селекција за наградата „Роман на годината“