Утрински Весник
Свет

Претседателски избори во Црна Гора: Ѓукановиќ и Милатовиќ во вториот круг

Претседателски избори во Црна Гора: Ѓукановиќ и Милатовиќ во вториот круг

Во трката за претседател на Црна Гора води лидерот на Демократската партија на социјалистите Мило Ѓукановиќ, а најблиску до вториот круг сега е заменик-претседателот на Европското движење Јаков Милатовиќ.

dobivaj vesti na viber

Според првичните резултати, Милатовиќ има предност пред лидерот на Демократскиот фронт Андрија Мандиќ.

Доколку ниту еден кандидат не го добие потребниот број гласови, втор круг избори ќе се одржи за 14 дена, односно на 2 април.

Во вториот круг учествуваат двајцата кандидати кои освоиле најголем број гласови.

Во Црна Гора денеска се одржаа претседателски избори на кои право на глас имаа над 542.000 граѓани.

Во трката за претседател на Црна Гора има седум кандидати, а избирачките места се затворија во 20 часот.

Можете да прочитате

Од сиромаштија до нарко-империја: Кој беше „Ел Менчо“, човекот што го држеше Мексико во страв

Картелска одмазда ја тресе државата – Хаос во Мексико!

ЕУ не ги прифаќа новите царини на Трамп, бара од Вашингтон да го почитува трговскиот договор