Утрински Весник
Балкан

Претседателот Вучиќ утрово го посети Дачиќ: Ситуацијата е нешто подобра

Ivica Dacic.jpg

Српскиот претседател Александар Вучиќ утрово во авионот на пат за Казахстан изјави дека состојбата на министерот за внатрешни работи Ивица Дачиќ е „нешто подобра“, откако го посети утрово.

„Го посетив Ивица утрово. Лекарите велат дека неговата состојба е малку подобра. Верувам во него, а сега се упатувам кон Казахстан за одлични резултати за нашата Србија“, напиша претседателот на својот Инстаграм профил.


Тој додаде дека закрепнувањето на Дачиќ е во тек, иако останува претпазлив.

„Секако, претпазливоста е сè уште неопходна и ништо не е сигурно, но подобро е, на радост на неговото семејство и на сите луѓе што го сакаат, а ние одиме во Казахстан, каде што во моментов е минус 30, па се подготвуваме малку поинаку да одговориме на студот, а многу поважно е што очекуваме топло добредојде, прекрасно добредојде“, рече Вучиќ во обраќање на Инстаграм.

Српскиот министер за внатрешни работи вчера беше примен во болница откако здравствената состојба нагло му се влошила.

Можете да прочитате

Дачиќ во животна опасност на механичка вентилација, следните 72 часа се клучни вели Др Поповиќ

Ивица Дачиќ итно хоспитализиран, приклучен на апарати

На косовско-српската граница приведен албански полициски инспектор со непријавени милион евра