Утрински Весник
Македонија

Претседателот Пендаровски се сретна со претставници на ромски фондации

Foto 2 2 1.jpeg

Претседателот Стево Пендаровски денеска прими претставници на Ромската Фондација за Европа и Фондацијата Ромите за демократија Скопје.

На средбата соговорниците го запознаа претседателот Пендаровски со планираните активности на фондациите коишто се насочени кон промовирање слободни и фер избори, зајакнување на гласачите Роми и унапредување на политичкото учество на ромската заедница.

Web

Претседателот Пендаровски ги поздрави нивните напори за зајакнување, развој и унапредување на правата на ромската заедници во нашата земја и пошироко во Европа. Водејќи се од принципот на недискриминација, еднаквост и владеење на правото, а во насока на трајни системски решенија за подобрување на интеграцијата на Ромите во нашето општество, претседателот Пендаровски изрази поддршка за заеднички ангажман на сите релевантни чинители во државата.

Целта на Ромската Фондација за Европа е преку инвестирање во политичко, економско и културно образование да ги зајакне ромските заедници во Европа, залагајќи се за еднаквост, правда и правичност за сите нејзини граѓани. Пристапот на Ромите за демократија Скопје, како дел од Паневропската мрежа што ја опкружува новоформираната Ромска Фондација за Европа, се заснова на три столба, едуцирање на гласачите, демократски дијалог и отчетност и политичко претставување.

Можете да прочитате

Османи: Ќе работам за укинување на визите со САД

Ванковска: БРИКС е еден од одговорите на она дека немаме друга алтернатива

ЗНМ и ССНМ: ОЈО да ја отфрли неоснованата кривична пријава на МВР кон новинарот Салиу