Утрински Весник
Македонија
Img 7972

Претседателот Пендаровски ги посети припадниците на македонскиот контингент во рамки на КФОР во Косово

Img 8315
Img 7972

Претседателот Стево Пендаровски, во рамки на работната посета на Република Косово, денеска во Пеќ престојуваше во посета на Регионалната Команда – Запад на КФОР, кадешто се сретна со припадниците на македонскиот контингент и оствари средба со командантот на Регионалната Команда – Запад, полковник Франческо Ферара.

На средбата со припадниците на македонскиот контингент во мисијата „КФОР” кадешто се распоредени 65 припадници на нашата армија се разговараше за нивните обврски и должности во извршувањето на задачите, како и за нивните тековни активности.

Претседателот Пендаровски оддаде признание за професионализмот и посветеноста со која нашите војници ги извршуваат поставените барања и задачи и посочи дека тие ја претставуваат честа, професионалноста и моралот на сите припадници на македонската армија.

Тој нагласи дека нивната мисија има и додадена вредност, затоа што служат во земја која е наш сосед и пријател и со која не врзуваат длабоки историски, културни и економски врски, при што порача дека нивното присуство во Косово уште повеќе ги продлабочува и јакне тие односи. Претседателот Пендаровски им посака добро здравје и успешно извршување на работните обврски и задачи на припадниците на македонскиот контингент во мисијата „КФОР”.

На средбата со командантот на Регионалната Команда – Запад, полковник Франческо Ферара, претседателот Пендаровски беше информиран за целите и за севкупните активности на оваа команда во поддршка на мирот и безбедноста во Република Косово. Претседателот изрази поддршка за мисијата на КФОР, истакнувајќи ја нејзината важност за стабилноста на Косово и на целиот регион и посочи дека со учеството на 65-те припадници, нашата држава како членка на НАТО дава активен придонес за зајакнување на мирот и стабилноста во регионот и пошироко.

Можете да прочитате

ТОШКОВСКИ: Осум години уништување на државата и страв од одговорност за истото, не се бришат со папагалско повторување на зборот “оставка“

АВМУ: Во периодот на предизборието не се констатирани прекршувања на одредбите од Изборниот законик, медиумите генерално се придржуваа кон објективност и непристрасност

Филипче до Мицкоски: Македонија не е твој експеримент, ниту твој вилает