Утрински Весник
Свет

Претседателот на Јужна Кореја помилува речиси половина милион луѓе

20240206111718 Big 730x400 33.webp.webp

Јужнокорејскиот претседател Јун Сук-Јеол даде специјално помилување на повеќе од 450.000 луѓе, вклучително и поранешен министер за одбрана и началник на кабинетот на претседателот, објавија денеска локалните медиуми.

Претседателскиот указ дојде по повод лунарната нова година, која ќе се слави в сабота на 10 февруари.

Меѓу помилуваните се Ким Кван-Јин, кој беше министер за одбрана од 2010 до 2014 година, и Ким Ки-Чун, поранешен шеф на кабинетот на соборената поранешна претседателка Парк Геун-хе, објави сеулски Јонхап њуз.

Ким Кван-Јин отслужуваше двегодишна затворска казна изречена минатата година затоа што нареди на воената кибер командата да објавува провладини коментари на интернет пред изборите во 2012 година.

„Се надевам дека овие помилувања дадени пред празникот ќе и дадат виталност на националната економија“, додаде Јун.

Во Јужна Кореја, владата често дава посебни помилувања на осудените политичари, деловни директори и други на почетокот на Новата година или околу Денот на ослободувањето на 15 август.

Можете да прочитате

Биткоинот достигна рекордни 98.000 долари

Руте итно заминува кај Трамп

Бебето кое исчезна од породилиштето во Виена е пронајдено мртво во корпа за ѓубре