Утрински Весник
Свет

Претседателот на Таџикистан до Путин: Не не третирајте како да сме дел од СССР

Претседателот на Таџикистан до Путин: Не не третирајте како да сме дел од СССР

Таџикистанскиот претседател Емомали Рахмон за време на самитот Централна Азија и Русија во Астана, Казахстан, му порача на Владимир Путин дека Русија треба да престане да се однесува кон земјите од Централна Азија како да се сè уште дел од Советскиот Сојуз.

dobivaj vesti na viber

„Не сме 100 или 200 милиони. Но, ние сакаме да не почитуваат. Кој договор го прекршивме? Дали можеби ве поздравивме на лош начин? Секогаш сме ги почитувале интересите на нашиот главен стратешки партнер, Русија“ – му рекол претседателот на Таџикистан на Путин.

„Владимир Владимирович, ве молам, не правете политики каде што земјите од Централна Азија се третираат како да се дел од СССР“ – рече Рахмон.

„Отсекогаш сме го почитувале нашиот најголем стратешки партнер (Русија). Но, сакаме и почит! Па кои сме ние? Абориџини?“ – заклучи првиот човек на Таџикистан.

Инаку, на Генералното заседание на ОН за осуда на Путиновата анексија на Украина, ниту Таџикистан, ниту Киргистан, често лојални на Москва, не го поддржаа Путин при гласањето.
Двете земји беа воздржани.

Можете да прочитате

Објавен транскрипт од разговор меѓу Сијарто и Лавров 

Трамп: Ако има договор, сами ќе го земеме збогатениот ураниум

Здружение од странски компании во Украина обработуваат 275.000 хектари земја