Утрински Весник
Македонија

Претседателката Сиљановска Давкова го прими амбасадорот на Виетнам, До Хоанг Лонг

Foto 1 3.jpeg

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска го прими амбасадорот на Социјалистичка Република Виетнам, До Хоанг Лонг.

На средбата се разговараше за билатералните односи меѓу двете земји кои ги поврзува долгогодишно пријателство и беше изразен поттик за натамошно унапредување и продлабочување на меѓусебната соработка во повеќе области.

Соговорниците како една од приоритетните сфери на билатералната соработка ја посочија економијата и изразија интерес за нејзино унапредување преку преземање на конкретни економски активности и проекти, како што се формирање на Мешовита економска комисија, организирање економски семинар во Скопје од страна на амбасадата на Виетнам во насока на промоција на трговијата и инвестициите меѓу двете држави.

На средбата се разговараше и за проширување на билатералната соработка и во областите на културата, туризмот, во образованието и науката, преку размена на студенти и визитинг професори, како и за проширување на договорната рамка во сферата на образованието и науката, како и во соработката меѓу министерствата за надворешни работи на двете земји.

Двајцата соговорници констатираа дека постои добра соработка на мултилатерален план и изразија очекување таа соработка и меѓусебна поддршка во меѓународните организации да продолжи, особено во рамките на ОН и во Меѓународната организација на Франкофонијата.

Можете да прочитате

СДСМ денеска бира нов лидер

Албанската агенција за статистика го корегираше „Северномакедонци“ во „Македонци“

АКТУЕЛНА МЕТЕО НАЈАВА: Од Сахара во Македонија во понеделник и во вторник повторно пристигнува облак од прашина и песок