Утрински Весник
Свет

Претседателката на Перу за претресот на нејзиниот дом: Произволна и неправедна мерка

Picture 1487 660x435 1.jpg

Претседателката на Перу Дина Болуарте вчерашниот претрес на нејзиниот дом го нарече „произволен и неправеден“ и го осуди „малтретирањето на обвинителството“ во врска со истрагата за незаконско збогатување поврзано со луксузни часовници за кои постои сомнеж дека не ги пријавила како нејзин имот. – Мерката е произволна, непропорционална и неправедна, рече Болуарте во синоќешното обраќање до нацијата. Домот на перуанската претседателка беше претресен како дел од истрагата за незаконско збогатување, бидејќи таа е осомничена дека не пријавила колекција луксузни часовници. Според полициски документ околу 40 полицајци и судии биле мобилизирани „со цел да ја претресат куќата и да ги одземат часовниците Ролекс“. Полициската интервенција била спроведена по барање на јавен обвинител. Во случај на кривично гонење, перуанската претседателка, според Уставот, не може да биде изведена на судење пред јули 2026 година, датумот кога и завршува мандатот. Скандалот со „Ролекс“ избувна откако локалните медиуми во средината на месецов објавија серија фотографии на кои Дина Болуарте носи разни луксузни часовници додека беше во владата во 2021 и 2022 година. Таа потоа изјави дека поседува само еден часовник, кој го купила со свои пари. Претседателката, која има 61 година, веќе е под истрага за „геноцид, тешко убиство и тешки телесни повреди“ по смртта на повеќе од 50 луѓе за време на двомесечните социјални немири што следеа по нејзината инаугурација. Дина Болуарте стана претседателка по смената и апсењето на левичарскиот шеф на државата Педро Кастиљо, чиј потпретседател беше таа.

Можете да прочитате

Путин забрани посвојување руски деца од граѓани на земји каде промената на полот е законски дозволена

Се урна авион во Костарика: петмина мртви, една жена се бори за живот

Мексиканците ќе бидат првите кои сами ќе избираат судии – повеќе од 34.000 кандидати за 881 судија