Утрински Весник
Економија

Претседателката на ЕБОР во посета на Македонија

20240721125305 Big 730x400 17.webp.webp

Претседателката на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР), Одил Рено-Басо, денеска и утре ќе биде во посета на Северна Македонија.

За време на нејзината втора посета на земјава, претседателката на ЕБОР, како што е најавено, ќе се сретне со владини претставници, претставници од бизнис секторот и од граѓанскиот сектор.

– Со задоволство ја очекувам втората посета на Северна Македонија. Северна Македонија е значајна инвестициска дестинација за нас, каде ЕБОР има водечка сума на инвестиции, изјавила Рено-Басо, се наведува во соопштението од Европска банка за обнова и развој. 

ЕБОР, се додава во соопштението, е главна институција во Северна Македонија во однос на инвестициите во земјата и до денес, има инвестирано 2,9 милијарди евра во 190 проекти.

Можете да прочитате

Сојузот на здруженија на лозари бара плаќање на грозјето според шеќерни единици, инспекции кај откупувачи, субвенции за модернизирање

СДСМ: Мицкоски конечно призна дека државата доцни со поврат на ДДВ

Бензините и дизелот поскапуваат за 1,5 денари