Утрински Весник
Македонија

Претреси во валандовско, лишени од слобода четири лица, пронајдени и одземени околу два килограми дрога

617013170 1190405449936647 9123463270194620405 n.jpg

На 22.01.2026 во 21.30 часот во село Пирава, валандовско, полициски службеници од СВР Струмица и ОВР Валандово ги лишија од слобода С.Ј.(22) и Г.Т.(29), двајцата од село Пирава. При претрес во домот на С.Ј., извршен со судска наредба, полициските службеници ги затекнале С.Ј. и Г.Т. во момент кога вршеле мерење на марихуана, по што биле пронајдени неколку пакувања со марихуана, 110 семки од канабис и повеќе предмети со остатоци од марихуана. Исто така, со судска наредба, полициски службеници извршиле претрес и во домот на Г.Т., каде се пронајдени неколку пакувања со марихуана и предмети со остатоци од марихуана.

Од преземените службени дејствија, дојдено е до основи на сомневање дека во вршење на кривичното дело, со С.Ј. и Г.Т. се поврзани и К.М.(47) и Б.М.(23) од село Јосифово, валандовско, поради што, врз основа на судска наредба, се извршени претреси во домот на лицата и деловен објект кој го користел К.М. во село Јосифово. При претресот во деловниот објект биле пронајдени повеќе различни пакувања со марихуана и хашиш.

Инаку, во сите претреси се пронајдени и одземени околу два килограми марихуана и хашиш. Лицата се задржани во Полициска станица и за настанот е запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија. По документирање на случајот во текот на денот против С.Ј., Г.Т., К.М. и Б.М. ќе биде поднесена кривична пријава.

Можете да прочитате

МВР: Се поништува јавниот конкурс за избор на правно лице за добивање лиценца за испитен центар Велес

Кривична пријава против управител на правно лице, со фалсисифкување документи го оштетил РЕК Битола за сума од скоро 90.000 евра

Крмов: За „Сејф сити” ќе бараме скалесто казнување