Утрински Весник
Македонија

Претреси во три автосервиси – во службени возила на СОЗР ставале половни делови, а ги наплаќале како нови

Policija 4.jpg

Министерството за внатрешни работи, по наредба на јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје, започна дејствија во предистражна постапка за истрага за злоупотреба и договарање меѓу економски оператори и вработени во Одделот за општи и заеднички работи на МВР.

Оваа истрага се однесува на спроведената јавна набавка во полицијата.


Досега се извршени претреси на 16 различни локации, врз основа на наредба издадена од судија на претходна постапка, а по барање на јавниот обвинител.

Претреси се изведуваат и во неколку економски оператори, меѓу кои познатите автосервиси „Авто Клима Митрески“, „Дамбо Ацо Коп“ и „Прогрес Авто“ од Тетово, објави ТВ 21.

Според досегашните сознанија, овие економски оператори, со кои биле склучени договори преку тендерски постапки, наместо нови резервни делови, вградувале стари и веќе употребувани компоненти. Меѓутоа, на фактурите тие делови биле заведени како нови, а некои делови биле фактурирани повеќе пати.

Можете да прочитате

Обид за деблокада на евроинтеграциите: Муцунски оди во Софија

Не запира големата акција во Прилеп: Претресена 37 локација, во банкарски сеф најдени над 50.000 евра

Кичевци и од „дваесеттиот министер“ добија ветување за нова болница