Утрински Весник
Македонија

Претреси во Кочани, пронајдена дрога, приведени дилери

Приведен бегалец од затвор, ќе биде вратен во казнено-поправната установа

На 24.11.2022 во Кочани, полициски службеници од Полициската станица Кочани го лишиле од слобода Е.Д.(45) од Кочани.

dobivaj vesti na viber

При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана, дигитална вага и дробилка со остатоци од марихуана. Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 24.11.2022 во Кочани, полициски службеници од Полициската станица Кочани го лишиле од слобода К.А.(33) од Кочани.

При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана и бела прашкаста материја.

Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Можете да прочитате

Реката Вардар во Гостивар во загрижувачка состојба

Мицкоски: Во моментов имаме доволно нафтени деривати

Наунова со ултиматум: Ако за три дена нема токсиколошки наоди, ќе протестираме пред Судска медицина