Утрински Весник
Македонија

Претрес во Затвор-Скопје: Пронајдени недозволени предмети

Zatvor Sutka Skopje.jpg

Во простории на Казнено-поправната установа Затвор-Скопје биле пронајдени и одземени мобилни телефони и други предмети, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Како што соопштија од МВР, на 07.02.2026 година во 13:30 часот, во СВР Скопје било пријавено од страна на затворската установа дека при извршен преглед во една од просториите биле откриени недозволени предмети.

За случајот бил известен јавен обвинител, а полициски службеници ги подигнале пронајдените предмети за понатамошна постапка. Надлежните институции преземаат мерки за целосно расчистување на настанот.

Можете да прочитате

Енергетско партнерство што отвора врати: Македонија и Австрија ги поврзуваат студентите, науката и индустријата

Почнува кампањата „Безбедноста на пешаците – одговорност на сите нас”

СДСМ: МВР ги попречи професорите на Правниот факултет да пристапат на работа, од кого се плаши власта