Утрински Весник
Македонија

Претрес во автокамп на охридското крајбрежје, пронајдена дрога, уапсен скопјанец

Slika 1 2.jpg

На 31.07.2026 во автокамп лоциран на охридското крајбрежје, од страна на полициски службеници од криминалистичката полиција при СВР Охрид слобода е лишен В.С.(39) од Скопје.

При претрес во камп приколка и во дворното место, извршен по судска наредба, полициските службеници пронајдоа и одзедоа шест кеси со марихуана, фолија со бела прашкаста материја, дигитална вага со остатоци од марихуана и други предмети.

По целосно документирање на настанот, против В.С. ќе биде поднесена кривична пријава по член 215 од Кривичниот законик „Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори”.

Можете да прочитате

Мицкоски: Продолжуваме со посветена работа на реформите клучни за економскиот развој и подобрување на животниот стандард на граѓаните

Радовишанец им се заканувал на вработени во странска амбасада, упатен на психијатриско набљудување

17 лица лишени од слобода во изминатото деноноќие, возеле без дозвола и под дејство на алкохол