Утрински Весник
Македонија

Претпладне сончево, попладне локално со пороен дожд и грмежи

Претпладне сончево, попладне локално со пороен дожд и грмежи

Времето денеска во земјава ќе биде сончево со мала до умерена облачност, во попладневните часови особено во западните делови ќе има појава на локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

dobivaj vesti na viber

Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 21, а максималната ќе достигне од 26 до 33 степен. УВ=7

Во Скопје и во околината сончево време со мала до умерена облачност. Попладне ќе има услови за нестабилност и во делови од котлината појава на пороен дожд со грмежи.
Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне до 32 степени.

До сабота ќе продолжи тековниов период на нестабилно време. Претпладне ќе има сончеви периоди, а во попладневните и вечерните часови наместа со пороен дожд и грмежи.
Локално ќе има поинтензивни процеси во форма на невреме со пообилен дожд, силни електрични празнења, силен ветер и појава на град.

Од недела услови за нестабилност ќе има претежно во западните делови, освен во понеделник кога ќе биде нестабилно на повеќе места во земјата.

Од сабота дневната температура постепено ќе се покачи.

Можете да прочитате

СДСМ: Морбидни обивнувања на Мицкоски и измислени приказни за пожарите

Додека пожари пустошат – деца се ладат во загадениот Вардар кај Керамидница

Ангелов: Пожарот кај фабриката Самоков е активен, но нема опасност по објектот