Утрински Весник
Македонија

Претпладне облачно со сончеви периоди, попладне ведро

Oblacno.webp.webp

Денеска претпладне променливо облачно со сончеви периоди. Попладне облачноста ќе се намали и до крајот на денот времето ќе биде ведро. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец, особено претпладне.

Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 5, а максималната ќе достигне од 7 до 12 степени.

Во Скопје, претпладне променливо облачно со сончеви периоди. Попладне облачноста ќе се намали. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до -1, а максималната ќе достигне до 10 степени.

Од УХМР информираа дека до вторник времето ќе биде стабилно со студени утра. По одделни котлини ќе има појава на магла и пониски дневни температури. Нов влажен бран се очекува во среда кон крајот на денот.

Можете да прочитате

Законските измени за укинување на техничката влада пред собраниската Комисија за политички систем

Сообраќајот се одвива непречено, наместа по влажни коловози

Македонија блесна во Москва: Бронзен медал за Даниел Христов на најтешката хемиска олимпијада