Утрински Весник
Македонија

Претежно облачно со повремени локални врнежи од дожд

Dozd.jpg
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Времето денеска претпладне ќе биде претежно облачно со повремени локални врнежи од дожд, наместа пообилни и поројни со услови за појава на ретки грмежи. Попладне врнежите ќе престанат, а облачноста ќе се намали. Ќе дува умерен до засилен ветер од западен и северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 13, а максималната ќе достигне од 13 до 19 степени.

Во Скопје, променливо облачно, претпладне со повремени врнежи од дожд, локално пообилни. Попладне врнежите ќе престанат. Ќе дува умерен ветер претежно од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 11, а максималната ќе достигне до 16 степени.


Утре ќе има локални врнежи од дожд со послаб интензитет и ќе дува умерен до засилен ветер од северозападен правец. Потоа во следните два дена времето ќе биде стабилно со постудени утра, а локален дожд повторно се очекува во петок кон крајот на денот.

Можете да прочитате

Претседателот на Собранието Гаши прими делегација предводена од претседателот на ТИКА Ерен

АМСМ: Блокиран патот Берово-Струмица поради собир, магла кај Ресен

Мицоски: За мене Македонија е свето име