Утрински Весник
Свет

Пресудата на Санадер: По две пресуди дека е виновен, се чека и трета

Пресудата на Санадер: По две пресуди дека е виновен, се чека и трета

Денеска ќе биде објавена пресудата против поранешниот хрватски премиер Иво Санадер во третиот судски процес за аферата Хипо. Претходно два пати беше осудуван, а пресудите беа укинати од Уставниот и Врховниот суд. На крајот од повтореното судење, Санадер уште еднаш потврди дека не е одговорен за воено профитерство, нагласувајќи дека останува на одбраната што ја изнел во претходната постапка.

dobivaj vesti na viber

Обвинителството го обвинува Санадер дека примил провизија од 3,6 милиони куни од Хипо банка како заменик-министер за надворешни работи кон крајот на 1994 година и почетокот на 1995 година, откако на Хрватска и беше доделен заем за купување на згради на амбасади.

Според обвинителството, Санадер на тој начин добил незаконска финансиска корист во тешката финансиска и економска ситуација предизвикана од војната, која е несразмерна со загрозените темелни вредности на државата и социјалната заедница, како и државните интереси.

Одбраната на Иво Санадер, обвинет за воено профитерство во повторното судење за аферата Хипо, изрази оптимизам дека судот ќе донесе ослободителна пресуда.

„ Веруваме дека овој пат ќе биде донесена ослободителна пресуда. Сметаме дека недостига она што е клучно во овој случај, а тоа се дополнителните услови за кривичното дело воено профитерство“, рече бранителот на Санадер, Јадранка Слоковиќ по излагањето на завршните зборови.

Таа посочи дека „основното кривично дело злоупотреба на положба и овластување е одамна застарено, па единствена пресуда што може да се донесе е за кривичното дело воено профитерство“, за што, според мислењето на одбраната, „тој не може да се суди“.

Можете да прочитате

Драма на аеродромот во Анталија, авион се запали – евакуирани 79 патници

Сибиха бара партнерите да и обезбедат на Украина системи за пресретнување на ракетите Орешник

Будистички манастир под истрага: 41 тело откриено во Тајланд