Утрински Весник
Здрав Живот

Престанете да пиете кафе ако ги имате овие три симптоми

Img 7686

Ако ги имате овие три симптоми, размислете да престанете со дневниот внес на кофеин. Имено, треба да пиете помалку кафе доколку не можете да заспиете, ако страдате од анксиозност и имате срцева аритмија, пренесува Кликс.

Иако има некои здравствени придобивки од пиењето кафе, спиењето треба да биде приоритет. Ова значи дека вашата утринска шолја кафе веројатно сè уште ќе биде во вашето тело кога ќе спиете навечер, а тоа значително ќе го намали квалитетот на вашиот сон.

-Ве молиме намалете ја количината на кафе што го пиете. Кафето останува во вашето тело многу подолго отколку што мислите – изјави др. Сурај Кукаиди.

Големото количество кафе може да го зголеми крвниот притисок. Докторот вели дека повеќе од четири шолји кафе дневно значително влијае на крвниот притисок.

Умерено ниво на кофеин не треба да биде штетно за здравјето на вашето срце, да влијае на нивото на холестерол или срцевиот ритам. Исто така, некои луѓе се почувствителни на кофеин и може да доживеат палпитации и треба да почнат да избегнуваат кофеин.

Можете да прочитате

Газирана вода го намалува апетитот

Ljuljeta

Сакате тиква? Ќе ви биде мило да слушнете какви придобивки се поврзани со неа

Ljuljeta

Јадете овој вид на протеини за да живеете подолго

Jana