Утрински Весник
Балкан

Преселбата на штркови создава проблеми на Аеродромот во Истанбул

Shtrk.jpg

Поради јато штркови на небото над Босфор, на Аеродромот во Истанбул настана метеж, а потоа беше издадено и официјално предупредување.

Последниве денови на небото над турската метропола летаат јата штркови, коишто се движат, т.е. мигрираат меѓу Северна Европа и Јужна Африка, а турските власти предупредуваат дека оваа година, за време на преселниот лет на овие птици во потоплите делови на Африка, во август и септември се очекува да прелетаат милион штркови над Истанбул. Одговорните за летови претходно во неколку наврати ги предупредуваа властите за јата штркови што летаат над воздушните коридори и го загрозуваат воздушниот сообраќај.

На објавените аудиоснимки може да се слушне како контролорите ги предупредуваат пилотите на големите јата штркови на патеката на авионите.

„За ваша информација, пријавено е јато штркови пред вас на 3.000 стапки“, предупредува контролорот во една од снимките.

Стручњаците сугерираат дека штрковите понекогаш прават нагли промени во правецот поради ветрот, што ги зголемува опасностите во воздушниот сообраќај.

Можете да прочитате

Земјотрес ја погоди Хрватска, силно почувствуван во Загреб

Во Бугарија запленети 436 килограми хероин

Една жртва, изгорени куќи, објекти и огромна материјална штета во пожарот во поширокиот регион на Атина