Утрински Весник
Македонија

Пресечен меѓународен канал за криумчарење мигранти: Уапсени затвореници, полицаец и малолетници

Пресечен меѓународен канал за криумчарење мигранти: Уапсени затвореници, полицаец и малолетници

Девет лица се уапсени во Скопје, меѓу кои има деца и полицаец, а по двајца се трага. Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција пресече меѓународен канал за криумчарење мигранти. Меѓу осомничените кои се гонат има и двајца затвореници. Тие се сомничат дека од мај до јуни, со поддршка од странци од арапските земји кои престојувале во Македонија, организирале група за илегално пренесување мигранти

dobivaj vesti na viber

„ Осомничените заради стекнување имотна корист организирале илегално пренесување на мигранти од Авганистан, Пакистан, Сирија, Кашмир и Индија. Мигрантите, меѓу кои имало и малолетни лица, преку илегални премини т.н. зелена граница во околината на Гевгелија, Демир Капија и кумановско – липковскиот регион, биле пренесувани од Р.Грција и Р.Србија на територијата на РС Македонија, а потоа со помош на водичи т.н. „качаци“, координирано биле носени на претходно утврдени и договорени локации од каде осомничените припадници на групата ги прифаќале и со патнички моторни возила ги превезувале до претходно договорените локации, а потоа илегално ги пренесувале од територијата на Р.Србија кон државите на ЕУ“, велат од Обивнителството за гонење организиран криминал и корупција.

Пренесувањето на мигрантите течело така што првоосомничениот преку договор со организаторите од арапските земји, договарал кога и колку мигранти ќе влезат во Македонија, а потоа и колку ќе бидат изнесени.

„ Заради засилените полициски патроли и контроли на подрачјето на Гевгелија и на Демир Капија, ‘качаците’ преку мобилните интернет апликации, им испраќале пораки со GPS координати на организаторите за моменталната локација, кои понатаму организаторите ги споделувале со припадниците на групата“, велат од Обвинителството.

Обвинителството лоцирало и како се плаќале парите за криумчарењето.

„ За успешно извршено криумчарење на мигранти преку територијата на РС Македонија, на првоосомничениот – организатор на групата преку агенти за брз трансфер на пари Western Union и Ria, како и на „рака“ му биле исплаќани парични средства кои тој понатаму ги распределувал помеѓу припадниците на организираната криминална група во зависност од нивната улога во криумчарењето“, додава Обвинителството.

Полицаецот, обезбедувач информации за тоа каде има патроли и заседи.

„ Заради успешна реализација на криумчарењето, организираната криминална група континуирано добивала логистичка и друга поддршка од осомничениот полициски службеник, кој со умисла на друг начин помагал обезбедувајќи информации за местото и времето каде нема да има полициски контроли, патроли или заседи, односно каде по рутата по која осомничените ги превезувале мигрантите има поставени полициски пунктови“, посочува Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција..

Од мај до октомври, оваа криминална група илегално пренела најмалку 86 мигранти.

„ Предметниот обвинител, ценејќи дека постојат околности што го оправдуваат стравот oд опасност од бегство, дека ќе ги сокријат, фалсификуваат или уништат трагите на кривичното дело и дека со влијание врз сведоци и соучесниците ќе ја попречат истрагата, како и стравот ако се бранат од слобода дека ќе го повторат делото, до судијата на претходна постапка и судијата за деца достави предлог за определување на мерката притвор за осомничените“, додаваат од Обвинителството.

Можете да прочитате

Вечерва седница на ЦО на СДСМ, ќе се бираат членови на раководството

Левица: ДПМНЕ дрско го одби амандманот на Левица за решавање на проблемот со депонијата во Кочани

СДСМ: Апсурдно, Мицкоски врши партизација а ветува деполитизација