Утрински Весник
Македонија

Прерано згасна млад живот – УМС на ВМРО-ДПМНЕ се простува од Ратко

Img 3309.jpeg

Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ преку објава на социјалните мрежи се прости од својот член Ратко Даневски, кој прерано го загуби животот.

„Со длабоко жалење и неверување ја примивме веста за прераното заминување на нашиот член Ратко Даневски“, се наведува во соопштението на УМС.

Ратко Даневски беше активен член на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ, а во еден период ја извршуваше и функцијата претседател на Општинскиот комитет на УМС во Виница. Меѓу своите сопартијци останува запаметен како вреден работник, искрен патриот и коректен и одговорен млад човек.

Од Унијата истакнуваат дека неговото заминување претставува голема загуба, не само за организацијата, туку и за сите кои имаа можност да го познаваат и соработуваат со него.

УМС на ВМРО-ДПМНЕ упати искрено сочувство до семејството на Даневски, како и до неговите најблиски и пријатели.

„Почивај во мир, Ратко“, се наведува во пораката на Унијата.

Можете да прочитате

Скандал во банка во Тетово, вработена присвоила 39.000 евра од клиент

Мицкоски најави реконструкција на Владата во мај или јуни

Клековски: Утврдени неправилности при издадени боледувања кај 29 од 80 контролирани осигурени лица во МВР