Перуанскиот премиер Алберто Отарола поднесе оставка поради обвинувањата дека се обидел да ја искористи својата позиција за да и помогне на една жена да добие профитабилен владин договор. Скандалот ескалираше минатата недела, кога перуанската телевизија објави снимки од нивниот разговор. Отарола ги негираше обвинувањата, пишува Би-Би-Си.
Како што се наведува, жената со која разговарала Отарола (57) била Џазире Пинедо (25), која, како што јави Би-Би-Си, наводно добила два договори за работа во Министерството за одбрана во 2023 година, од кои заработила 14.000 долари.
Минатата недела, една перуанска телевизија емитуваше аудио снимки од разговорот помеѓу Отарола и Пинедова, во кој претседателот и изјавува љубов и бара од неа да му ја испрати својата биографија.
Отарола рече дека се сретнал со Јазире Пинедо само еднаш, но таа во вторникот за Перу Канал Н изјави дека била во кратка врска со него.
И двајцата тврдат дека аудио снимките од разговорот се случиле во 2021 година, пред Отарола да стане министер во кабинетот, но претседателката Дина Болуарте побарала негово враќање од Канада, по што тој поднесе оставка.
– Оние кои отсекогаш сакаа да ја напуштам владата не се двоумеле ниту да монтираат аудио снимка со скриена цел да го нарушат мојот углед – рекол Отарола во својот говор при оставката, пренесува РТС.
Според перуанскиот закон, сите 18 членови на кабинетот на Перу мора да го следат Отарола и да поднесат оставка, но претседателот може повторно да ги избере.