Утрински Весник
Свет

Премиерот на Гренланд повика на посилно воено присуство поради Русија

Rusija.jpg

Премиерот на Гренланд, Јенс-Фредерик Нилсен, изјави денеска дека постојат црвени линии што не смее да се преминат во разговорите со Соединетите Американски Држави, но истовремено призна дека е потребно да се направи повеќе за зајакнување на безбедноста во регионот поради сè поагресивното однесување на Русија.

Нилсен истакна дека Гренланд има одредени граници што не може да се преминат, иако изрази надеж дека ќе се постигне некаков договор. Тој не изнесе дополнителни детали.

– Под притисок сме, под сериозен притисок. Се обидуваме да се спротивставиме и да се справиме со стравот на нашите луѓе – рече Нилсен на јавна трибина со Фредериксен на Универзитетот Sciences Po додавајќи дека „мора да се воведат поголем надзор и поголема безбедност во нашиот регион поради начинот на кој Русија се однесува“.

Барањето на САД за контрола над Гренланд ги потресе трансатлантските односи и ги забрза европските напори за намалување на зависноста од САД, иако Трамп минатата недела ги повлече заканите со царини и ја исклучи можноста за преземање на Гренланд со сила.

Можете да прочитате

Во американско-израелските напади во Иран се убиени над 3.000 луѓе

Дефрин: Израелската армија уште најмалку три недели ќе го напаѓа Иран

Иранскиот лидер Хамнеи наводно префрлен во Русија