Утрински Весник
Македонија

Премиерот Ковачевски и сопругата на свечен прием кај американскиот претседател Бајден

Премиерот Ковачевски и сопругата на свечен прием кај американскиот претседател Бајден

Премиерот Димитар Ковачевски, заедно со сопругата Елена Ковачевска, присуствуваше на свечениот прием за претседателите на држави и влади, организиран од претседателот на САД, Џо Бајден. Приемот во организација на претседателот Бајден, се одржа во рамки на 77-то Генерално собрание на Обединетите нации.

dobivaj vesti na viber

Присуството на премиерот Ковачевски на приемот организиран од претседателот Бајден е уште една потврда на долгогодишното стратешко партнерството на Северна Македонија со САД, како и поддршката што како држава ја добиваме во исполнување на клучните цели, но и за реализација на предвидените приоритетни политики за економски, социјален и демократски просперитет на државата.

Придобивките од членството на Северна Македонија во НАТО и стратешкото партнерство со САД, се од исклучително значење за нашата држава особено во овој период на глобална економско-енергетска криза со која се соочува целиот свет.

Можете да прочитате

Македонски деца пушат уште од 10-годишна возраст

Македонското знаме не е подлога за протокол – туку симбол за кој се умира

Г.Г.Стефан: Благодарејќи на Светите браќа Кирил и Методиј го славиме Бога на свој јазик, со свое писмо и од свои книги