Утрински Весник
Култура

Премиера на краткометражниот филм „Досие иднина“ вечерва на Синедејс

Премиера на краткометражниот филм „Досие иднина“ вечерва на Синедејс

Дебитантскиот краткометражен филм „Досие иднина“ во режија на Гоце Трајковски ќе биде вечерва премиерно прикажан на Синедејс.

dobivaj vesti na viber

Станува збор за дистопсиска драма од блиската иднина во која главната улога ја игра смртта. Вообличена во убава млада жена, смртта влегува во животот на еден брачен пар, создавајќи љубовен триаголник.

Главните улоги ги толкуваат: Ана Стојановска, Ебру Мусли и Береда Решит. Сценариото е на Гоце Трајковски и Никола Кузелов, кинематографер е Душан Кардалевски, монтажер Михаил Димитров, сценограф Сашо Блажевски, а костимите се на Роза Трајчевска.

Филмот е во продукција на Слобода филм – Скопје.

Можете да прочитате

Се заострува режимот за градби во старото градско јадро на Охрид 

Костадиновска-Стојчевска: Со отворена соработка со УНЕСКО и заеднички активности ќе го штитиме природното и културното наследство во Охрид

19 романи избрани во првата селекција за наградата „Роман на годината“