Утрински Весник
Македонија

Прекинат е прагот на алармирање за загаден воздух во Струмица

Strumica.webp.webp

Министерството за животна средина информира дека прекинат е прагот на алармирање за степенот на загаден воздух во општина Струмица.

„Согласно податоците од Државниот автоматски мониторинг систем за квалитет на воздухот на ден 04.01.2025, среднодневните концентрации на РМ10 се под дефинираниот праг на алармирање од 150 мg/m3, и епизодата од два последователни денови со надминување на прагот на алармирање за РМ10 е прекината во Струмица“ велат од Министерството.


Можете да прочитате

На Попова Шапка врнежи од снег, во Крушево намалена видливост поради магла

Се запали возило во Влае

Лажен полицаец одзел возило на фирма, а подоцна нападнал и женa и ѝ го украл кучето