Утрински Весник
Скопје

Прекин во водоснабдувањето во улици во Кисела Вода, Карпош, Бутел и Центар

Voda.webp.webp

Прекин во водоснабдувањето поради изведување на различни интервенции денеска ќе има во неколку скопски општини – Кисела Вода, Карпош, Бутел и Центар.

Како што информираа од ЈП Водовод и канализација поради изведување на водоводен приклучок на ул. „Борис Трајковски“ 212 во општина Кисела Вода прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од истата улица (место викано Каменик). Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.


Во општина Карпош поради изведување на водоводен приклучок ф-150 мм на ул. „Варшавска“ 4 прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од „Варшавска“ и дел од бул. „8 Септември“. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 10:00 часот до завршување со работните активности.

Во општина Бутел поради изведување на водоводен приклучок ф-100 мм на ул. „Боца Иванова“ бб (за АБЦ Комерц) прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од „Боца Иванова“, „Томе Пуре“, „Душко Поповиќ“, „Александар Бујнов“, „Бетовенова“ и дел од „Петар Манџуков“. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 10:00 часот до завршување со работните активности.

Во општина Центар поради изведување на водоводен приклучок ф-80 мм на ул. „20 Октомври“ 44 прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од истата улица. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.

Можете да прочитате

Отстранети 615 кубни метри отпад од диви депонии во Скопје за една недела

Делови од Центар, Кисела Вода, Сопиште, Гази Баба и Карпош денеска без струја

Ѓорѓиевски: За три месеци постигнавме сериозен успех, до јуни – јули треба да пристигне првата пратка од 100 автобуси