Утрински Весник
Македонија

Прегазени пешаци на улици во Маџари и Кисела Вода

Прегазени пешаци на улици во Маџари и Кисела Вода

Во текот на вчерашниот ден двајца пешаци биле прегазени од автомобили во главниот град.

dobivaj vesti na viber

Станува збор за 51-годишен скопјанец и 29-годишна девојка кои се нашле на улиците Благоја Стефковски и Борис Трајковски во Маџари и Кисела Вода.

„На 03.12.2022 во 20.45 часот во СВР Скопје било пријавено дека на улицата Благоја Стефковски во Скопје, патничко возило „фиат“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Ѓ.П.(38) од Скопје, удрило во пешакот И.В.(51) од Скопје. Во несреќата пешакот се здобил со тешки телесни повреди констатирани во Ургентен центар при Комплекс клиники ‘Мајка Тереза’“, соопшти МВР.

Втората сообраќајна незгода се случила вчера на улицата Борис Трајковски кога „форд фокус“ со скопски регистарски ознаки, управуваноод Љ.С.(54) од Скопје, удрило во Р.С.(29) од Скопје.

„Во несреќата, Р.С. се здобила со тешки телесни повреди, констатирани Ургентен центар при Комплекс клиники ‘Мајка Тереза’“, велат од полицијата.

На местото на несреќите, увид извршила полициска екипа.

Можете да прочитате

(Фото-Видео) Скопје во чад и мирис на пластика

Бети Стаменковска кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Кисела Вода, во Кочани ќе го поддржат Влатко Грозданов

Македонец лежи затвор за учество во војната во Украина – РСЕ го посети во „Идризово“