Утрински Весник
Македонија

Прегазена 72-годишна скопјанка, со тешки повреди пренесена во болница

Brza Pomos.jpg

Седумдесет и двегодишна скопјанка е тешко повредена откако била прегазена од „фолксваген голф“.

„Вчера во 12.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на паркинг простор на бул.„12 Македонска бригада“ во Скопје, патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.Љ.(44), удрило во пешакот З.Е.(72), двајцата од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила З.Е., констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, информираат од МВР.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

Можете да прочитате

Нива акција на МВР: Од две лица од Струмица одземени скоро 600.000 во кеш

Уапсен канадски државјанин, сакал да изнесе културно богатство од државата

Изменето работното време на шалтерот за издавање одобренија за патување на деца