Утрински Весник
Македонија

Прегазен полицаец во Скопје – 24info.mk

Policija.webp.webp

Утрово во 04:35 часот во СВР Скопје е пријавено дека на крстосницата од ул.„Ленинова“ и ул.„Столтенбергова“ во Скопје, патничко возило „хјундаи“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.Д.(38) од Скопје, удрило во полициски службеник кој извршувал службени дејствија.

При тоа полицискиот службеник се здобил со телесни повреди, констатирани во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“ во Скопје.

Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Можете да прочитате

Мицкоски: Продолжуваме со посветена работа на реформите клучни за економскиот развој и подобрување на животниот стандард на граѓаните

Радовишанец им се заканувал на вработени во странска амбасада, упатен на психијатриско набљудување

17 лица лишени од слобода во изминатото деноноќие, возеле без дозвола и под дејство на алкохол