Утрински Весник
Свет

Предвремени парламентарни избори на Исланд

Vote.webp.webp
Dik 300x250 mk

На Исланд денеска се одржуваат предвремени парламентарни избори. Гласачките места ќе бидат отворени од девет часот (по локално време) до 22 часот, а конечните резултатите ќе бидат објавени утре.

Главна тема во предизборната кампања беше евентуалното членство во ЕУ, прашање што беше поставено во предизборната кампања првпат по повеќе од десет години. Истражувањата на јавното мислење покажуваат дека гласачите ги поддржуваат проевропските партии.

Според анкетите владејачката тројна коалиција на Лево зелениот сојуз, конзервативната Партија на независноста и централно-десничарската Прогресивна партија, кои се на власт изминатите седум години, најверојатно ќе ги изгубат изборите.

Опозициската Реформска партија, која води во анкетите со околу 20 проценти од гласовите, што е исто колку и Социјалдемократски сојуз, сака да организира референдум за членство на Исланд во ЕУ доколку победи на изборите. Според најновите истражувања на јавното мислење дека двете партии заедно би можеле да добијат 40 отсто од гласовите.

Премиерот на Исланд, Бјарни Бенедиктсон го распушти Парламентот во октомври и распиша избори поради несогласувањето во владејачката трипартитна коалиција во која беа вклучени неговата Партија за независност, Прогресивната партија и Левиот зелен сојуз.

Исланд со население од 384.000 жители од 2017 година има релативна политичка стабилност и е една од најбогатите земји во Европа. Земјата е позната по туризмот, риболовот, евтината геотермална енергија и производството на алуминиум.

Можете да прочитате

Кина лансираше вселенско летало со тројца астронаути кон вселенската станица „Тјангонг“

Во Истанбул на 4 ноември состанок на министрите од исламските држави за мировниот план за Појасот Газа

Пентагон дозволи испорака на ракети „Томахавк“ на Украина, конечната одлука ќе ја донесе Трамп