Утрински Весник
Македонија

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ЗА ГОЛЕМО НЕВРЕМЕ: Денес попладне и навечер, локално големо невреме во Македонија – Невреме е можно и во Скопско

Download 3.jpg

Веќе од западните предели започнати се врнежи од дожд, кои ќе се прошируваат понатаму према централните и источните предели од државава, а сето ова ќе биде проследено и со повремено засилен ветер од јужен правец.

Поради веќе споменатиот силен и ладен Атмосферски фронт од север и од северозапад, денес попладне и навечер на повеќе места ќе има обилни врнежи од дожд, локално ќе биде и нестабилно, особено во централните, како и во источната половина од Македонија и со обилни поројни врнежи од дожд, електрични празнења и силен ветер (над 70 км/час) Локално овие процеси ќе бидат застапени и во форма на големо невреме со силен град и олуен ветер. Токму поради ова препорачуваме крајна внимателност. Услови за локално невреме ќе има и во Скопскиот регион.

Потоа од денешната ноќ, а особено од утре и од петок, па во деновите потоа следува значително студено време (со пад на температурите дури и за повеќе од 10-15 степени во споредба со сегашните) и со повремени врнежи од дожд со променлив интензитет. На планините и на повисоките места ќе има врнежи од снег, со што ќе се формира снежна покривка, понекаде со висина од 10 до 20 цм, може и повеќе, додека на високите планини таа би можела да биде и многу поголема.

За време на викендот, поради дополнителното заладување, снежната граница би можела да се спушти и на некои места со надморска височина од под 1000 метри, со што врнежи од снег може да се појават и во повисоките населени места и низ Македонија. За време на оваа голема промена на времето, локално ќе наврне големо количество на воден талог (над 40-50 л/м2).

Можете да прочитате

Семејствата на загинатите во „Пулс“ бараат финансиска помош и снимање на судската постапка

Платата на пилотите во ДЗС покачена за 100 отсто како дополнителен мотив, кажа Ангелов

На сред судење вербално нападната судијката која одлучува по спорниот случај со мајката Невена