Утрински Весник
Македонија

Предметот за пожарот во “Пулс” префрлен во надлежност на ОЈО Скопје

Diskoteka Puls Pozar Kocani 22.jpg

Jавното обвинителство на Република Северна Македонија донесе Решение со кое го определи Основното јавно обвинителство Скопје за стварно и месно надлежно обвинителство во предметот за пожарот во кочанската дискотека “Пулс”.

Одлуката е донесена имајќи го предвид Решението на Советот за казниви дела при Врховниот суд КР-35/25, со кое за стварно и месно надлежен суд за постапување по предметот го определи Основниот кривичен суд Скопје. Воедно, решението на Јавното обвинителство е донесено и заради обезбедување економичност и единственост на кривичниот прогон, со оглед на тоа што во истиот предмет за одредени осомничени се уште се води предистражна и истражна постапка и неопходно беше да се определи јавно обвинителство кое ќе постапува за овој кривично-правен настан.


За решението е доставено известување до Основниот кривичен суд Скопје, а кочанското обвинителство е задолжено да ги предаде списите и доказите од овој предмет на Основното јавно обвинителство Скопје.

Можете да прочитате

Полициски хеликоптер во 60 налети исфрли 80 тони вода врз пожар во струмичко

ЦУК: Активни 4 пожари, под контрола 7 и 19 изгаснати

Сиљановска-Давкова им додели сертификати на учесниците на „Охрид камп за високо-технолошка извонредност”