Утрински Весник
Свет

Предлогот на Рама за формирање ЗСО на Косово стигна до германската влада

Предлогот на Рама за формирање ЗСО на Косово стигна до германската влада

Нацрт-предлогот за Статутот на Заедницата на српските општини на албанскиот премиер Еди Рама стигна до германската влада, потврдено е за „Косово онлајн“.

dobivaj vesti na viber

Владата во Берлин, сепак, не сакаше да ја коментира самата содржина на тој предлог.

„Можеме да го потврдиме приемот на таков документ. Бараме разбирање дека не сакаме да коментираме за доверливата содржина“, изјави портпаролот на германската влада за „Косово онлајн“.

Рама вчера објави дека на францускиот претседател Емануел Макрон и на германскиот канцелар Олаф Шолц им испратил нацрт-предлог за Статутот на Заедницата на српските општини, додавајќи дека не ја разбира неподготвеноста на косовските власти да ја деескалираат ситуацијата на северот, што зазема размери на политичка трагедија за Косово.

Инаку, Менаџерскиот тим за ЗСО, кој е овластен со Бриселскиот договор да го подготви Статутот на ЗСО, го претстави својот предлог за време на последната рунда од дијалогот на највисоко ниво во Брисел.

Тој предлог, сепак, не беше одобрен од косовската влада и премиерот Албин Курти, кој само еден ден подоцна го распушти Менаџерскиот тим.

Можете да прочитате

НАТО: Поддршката за Украина продолжува

Израел прифати примирје со Хезболах

Телефонски разговор Трудо-Трамп – 24info.mk