Утрински Весник
Македонија

Кривична пријава за охриѓанец кој управувал возило и покрај забрана, автомобилот одземен

Img 7645.jpeg

Кривична пријава ќе биде поднесена против 44-годишен жител на Охрид кој бил затекнат како управува моторно возило и покрај тоа што имал активна заштитна мерка „забрана за управување со моторно возило“.

Како што информираат од СВР Охрид, денеска (01.02.2026) околу 17:00 часот на улицата „Железничка“ во Охрид, полициски службеници сопреле патничко возило марка „БМВ“ со охридски регистарски ознаки, управувано од Ј.С. (44) од Охрид.

По извршените проверки било констатирано дека возачот управувал со возилото иако имал впишана заштитна мерка „забрана за управување со моторно возило од Б категорија“. За настанот бил известен надлежен јавен обвинител, а возилото било одземено.

По целосно документирање на случајот, против Ј.С. ќе биде поднесена кривична пријава по член 297-а од Кривичниот законик, за кривично дело „безобѕирно управување со моторно возило“.

Можете да прочитате

Разоткриена шема на измами со лажни сообраќајки во битолско „собрани“ над 60.000 евра

Николоски во работна посета во Вашингтон, обраќање во Светска банка и високи средби во Стејт Департментот 

Вечерва земјотрес почувствуван во западна Македонија, епицентарот во Грција