Утрински Весник
Македонија

Предлог, осуденик што лежел во затвор за дрога да биде заменик директор во Идризово, од Владата велат предлогот е одбиен

Zatvor Idrizovo 3.jpg

Во Владата имало предлог осуденикот Ибрахим Ељези кој 4 години бил во затвор за трговија со дрога да биде в.д. заменик-директор на КПД Идризово.

„По направените дополнителни проверки предлогот не е прифатен и Ељези нема да стапи на функцијата. Нов в.д. заменик-директор ќе биде назначен на наредната седница“, велат од Владата

Одговорот на Владата следува откако СДСМ на прес-конференција соопштија дека премиерот Христијан Мицкоски именувал осуден криминалец кој лежел 4 години затвор за в.д. директор на затворот Идризово, одделение Велес.

Од СДСМ кажаа дека на затворот во Прилеп пак за в.д. директор е назначено лице што има кривична пријава, а од Владата одговорија дека почитуваат пресумпција на невиност.

„Емил Јанески, со кривична пријава за „несовесно работење„ со одлука на Мицкоски е именуван за в.д. директор на затворот во Прилеп. Јанески во 2020 година бил директор на ЈКП „Водовод и канализација“ – Прилеп и против него МВР има поднесено кривична пријава за „несовесно работење во службата“ и направена штета врз буџетот од препријатието во висина од 2.3 милиони денари“, велат од СДСМ.

Од Владата велат дека „за секој поединец има пресумпција на невиност, постоењето на кривична пријава без пресуда која е правосилна не е гаранција за сторено кривично дело“.

Можете да прочитате

Расчистена серија тешки кражби во пет градови, уапсени две лица

ДОМ: Природните ресурси се подаруваат на големиот бизнис, додека граѓаните плаќаат гориво над 100 денари!

ДУИ: Министерот за правда од ВРЕДИ ја изедначи жртвата со агресорот – невидена штета за албанската кауза