Утрински Весник
Македонија

Предизвиците за ЕУ: Дали да навиваме за ФК Реал Мадрид или за ФК Рубин Казан

Img 8741.jpeg

Пишува: Проф. Др. Иван Анастасовски, професор на Факултетот за физичко образование, спорт и здравје

Имам чувство дека во последно време расте скептицизмот кај нашите граѓани за нашето пристапување кон ЕУ, што на база на мое скромно размислување тоа се   должи   на   фактот   дека   нашите очекување како граѓани на Македонија се изневерени од страна на нашите европски ментори. Но, сепак мислам дека како поединец или уште посериозно како општествен систем ако тргнете на одредено патување не би требало да имате дилеми или евентуално откажувања.

Ниту едно патување не е лесно, но е убаво и создава пријатно чувства. Таково чувство беше моето последно патување во Монпеље, Франција, кое од една   страна имаше професионален карактер, а од друга огромно искуство за тоа кои се придобивките и можностите од тој европски (цивилизиран) свет.   

Што е суштината на ова писание, за кое лично сум спремен да останам и последен лобист во убедувањето 
дека за нас нема друга алтернатива освен ЕУ, или си за ФК Реал Мадрид или за ФК Рубин Казан.
Факт е тоа дека со евентуалното пристапувањето во членство на Македонија во Европска Унија, нашите граѓаните ќе се соочат со значајни предизвици, но и со 
оргомни можности и потенцијали, а верувајте дека многу од нив може да настапат уште за времетраењето   на  евентуалните   наши  преговори  за   полноправно 
членство во ЕУ. Македонија е земја членка на НАТО силно подджана од нашиот стратешки   партнер   Соединетите   Америкнски   Држави   кои   тоа   го   покажа   уште еднаш   преку   својот  Заменик   помошник   државен   секретар   за   Западен   Балкан, 
Александeр   Касаноф   кој   при   своја   прва   посета   на   Скопје   порача  дека американската поддршка е многу силна за нашата држава но потенцираше уште 
еднаш за важноста во борбата против корупцијата кое е нешто што САД многу сериозно го сфаќа и дека верува во искреноста на Владата која тврди дека тоа е 
основна заложба. Да не заборавиме дека таа поддршка која ја имаме од страна на САД   резултираше   со  поставувањето   на   Радмила   Шекеринска   на исклучително висока   позиција   во   Алијансата   како   заменик   генерален   секретар.   
Овој чин  на охрабрување   на   нашата   држава   преку   назначувањето   на   висока   позиција во Алијанската силно верувам дека ќе ги отвори широко перспективите и на нашиот Министер за надворешни работи Тимчо Муцунски кој има серизона задача кон 
нашето приклучување во ЕУ.

Впрочем   и   сликата   од   средбите   во   Брисел   оставија   силен   впечаток во целокупната европска и домашна јавност за тоа како треба да функционира тимот кој   е   задолжен   да   трасирање   на   нашиот   европски   пат.   Искрено   верувам во потенцијалот на Тимчо и Радмила и дека ќе   ги  искористат сите расположливи ресурси за нашето пристапување  во ЕУ (иако не е лесно). Да се одалечам за момент од темава и ако добро прочитав деновиве партијата ДУИ поради Законот за јазици се заканува со дестабилизација, многу бргу заборавиле дека сме земја членка на НАТО и дека политичките пароли од овој тип веќе не поминуваат.

Да   се   навратам   на   моето   искуство   од   патувањето   во   ЕУ   и   мојата професионална активност со што би издвоил само мал број на придобивки кои би ни се овозможиле при нашето евентуално членство во ЕУ, а кои во голема мера 
ќе зависи од самите нас колку тие можности ќе успееме да ги претвориме во наши придобивки. Она што е гарантирано на секој еден европеец се неговите слободправа   кои доаѓа   директно   од   мирот,   единството   и   еднаквоста.  
Создавањето поголем ентитет со поврзување на 27 држави исто така овозможува слобода на движење   надвор   од   националните   граници.   
Ова   особено   се   однесува на слободата   на   движење   за   работниците,   слободата   на   основање, слобода за давање услуги, слободно движење на стоки и слободно движење на капиталот. 
Особено   слободата   на   патување   без   граници  без  контроли  без  притисоци  кое искрено јас се чувствував одлично, релаксирано и растеретно од разни притисоци. 

Исто така,  основна  слобода им  е  гарантирана  како на  бизнисмените  така и на работниците да  го  изберат  своето  работно  место,  но  и   да  можат да  бараат и менуваат работни места според нивните желби и интереси ширум ЕУ.
Понатака принципот на  солидарност  кој е  неопходен коректив на слободата, затоа   што   несовесната   експлоатација   на   слободата   е   секогаш   на   штета   на другите. Затоа, за да преживее, рамката на ЕУ мора да ја признае како основен принцип   солидарноста   на   нејзините   членови   и   подеднакво   и   праведно   да   ги споделува придобивките, односно благосостојбата, но и товарот и обврските.
Она   што   ми   остави   силен   впечаток   е   почитувањето  на   националниот идентитет  во   срцето   на   демократијата и Европа Франција каде   успеав   да   го почуствувам тој сегмент од политиките на ЕУ на самиот Универзитет во Монпеље 
кои со својот професионален однос го покажаа тоа на дело прафаќајќи ме за тоа што сум македонец и почитувајќи го тоа во целот. Бидете уверени  дека во ЕУ замислата  не   е  државите  членки   да   бидат   изгубени  или   да   исчезнат во Европската   унија,   туку  тие   да   придонесат   кон  Унијата  со   нивните   специфични традиционални  карактеристики.   
Токму   од   оваа   разновидност   на   национални 
карактеристики и идентитети Европската унија го црпи својот морален авторитет, што му служи на општото добро на целата заедница. Верувајте можам да редам серија на позитивни показатели за тоа што се може да имаме како придобивки од 
нашиот пат кон ЕУ и евентуално полноправно членство, но во исто време и серија 
на одговорности како и усогласувања со европските регулативи кои се децидни. 
Затоа на крајот би  сакал   да  споделам   и едно   мое  пријатно  искуство од градот Монпеље кој е буџетиран и развиен град (кој бил знеа), патем градот нуди 
бесплатен јавен превоз за сите жители на градот (транвај) преку кој е покриен целиот град како мерка која ќе го намали движење со коли во центарот на градот, а на тоа се додава и цената на паркингот која е висока не само за нашиот туки и за   европскиот   стандард.   
Ова   мерка   е   мотив   на   секој   граѓанин   да   не   користи сопственото   возило   со   што се намалуваат   можностите   за   загадување преку употреба на возила и градот воедно нема сообраќаен метеж. Не дека вакви мерки нема и кај нас но тие не даваат никакви резултати освен гужви и малтертирања на нашите граѓани во застарениот (не-модернизиран) јавен превоз. Ако не другите градови, но главниот град мислам дека има можност за ваква мерка и притоа да 
направи ре-воведување на транвајска линија, но да не заборавиме дека првиот трамај во Скопје започнал со работа во 1884 година и функционирал со коњска 
влеча,   а   подоцна   биле   набавени   уште   неколку   трамваи   и   била   воспоставена трамвајска линија, што значи дека со ова нема да измислиме топла вода. 
Ако продолжам со уште примери ќе нема крај на текстот но сепак сакам да потсетам   уште   еднаш   или ќе навиваме за ФК Реал Мадрид или за ФК Рубин  Казан

Можете да прочитате

Земјотрес ги разбуди скопјани – Епицентарот во Албанија

Груби се повлекува од јавниот живот

Мијалков му беше главен ментор на Груби, вели Изет Меџити