Утрински Весник
Економија

Празнична донација на „Окта“ за ранливите групи граѓани

Празнична донација на „Окта“ за ранливите групи граѓани

Во пресрет на божикните празници, „ОКТА“ обезбеди помош за ранливите категории сограѓани. Со средствата кои компанијата ги донираше на Црвениот крст на Град Скопје се обезбедени пакети со прехранбени продукти. Тимови на Црвениот крст ги дистрибуираа пакетите до социјално најранливи семејства во земјава на кои помошта им е најпотребна.

dobivaj vesti na viber

„Како организација и како поединци веруваме во принципите на хуманоста, и затоа преку различни активности се трудиме да ја дадеме нашата поддршка онаму каде е најпотребна. Благодарни сме што имаме ресурси и можност да помагаме, и се надеваме дека со оваа донација ќе успееме барем малку да го направиме овој празничен период од годината, поразличен и за лицата во социјален ризик”, рече Деан Стојковски, претседател на организацијата на Црвен Крст при „ОКТА“.

Покрај редовното вклучување во добротворни активности, вработените се горди што во рамки на „ОКТА“ веќе 41 година дејствува и посебна организација на Црвениот крст, која континуирано ги промовира хуманите вредности и активно организира акции на крводарителство и волонтерство, со цел поддршка на загрозените и ранливи категории на население.

ПР-текст

Можете да прочитате

Николоски: Следи набавка на 2 нови локомотиви и репарација на 11 постојани

Во Гевгелија повторно јавна презентација на проектот „Гасовод меѓу Северна Македонија и Грција“

Левица: Новиот Закон за рударство предвидува протерување на народот