Утрински Весник
Свет

Пратеници на Европскиот парламент бараат прекин на преговорите со Србија поради Русија

Пратеници на Европскиот парламент бараат прекин на преговорите со Србија поради Русија

Европскиот парламент ќе побара од Европската Унија да ги прекине преговорите за членство со Србија додека таа не воведе санкции кон Русија, се вели во нацртот на новата стратегија на ЕУ во процесот на проширување до која Радио Слободна Европа имаше пристап.

dobivaj vesti na viber

„Дајте приоритет на усогласувањето на земјите членки со заедничката надворешна и безбедносна политика на ЕУ и да ги продолжите пристапните преговори со Србија, само доколку тоа е усогласено со санкциите на ЕУ против Русија“, се наведува во нацрт-извештајот.

Претставниците на Европскиот парламент ќе расправаат за овој документ на Комитетот за надворешна политика на 13 октомври, а конечната верзија на нацртот ќе биде во форма на резолуција на Европскиот парламент на гласање што се очекува во текот на ноември.

Резолуциите на Европскиот парламент не се правно обврзувачки за земјите-членки или за другите европски институции.

Европските социјалдемократи, втората по големина партија во Европскиот парламент, сметаат дека ЕУ не може да ги продолжи пристапните преговори со Србија доколку не ги почитува санкциите на ЕУ против Русија и најавија дека ќе биде вклучена во извештајот на Европскиот парламент за проширувањето.

Радио Слободна Европа потсетува дека од почетокот на војната во Украина, Европската Унија редовно бара Србија да воведе санкции кон Русија во согласност со одлуките на ЕУ.

Земјите- кандидати за членство во ЕУ треба постепено да ја усогласуваат својата надворешна политика со онаа на Европската Унија вклучувајќи ги и санкциите, според Брисел.

Србија е единствената земја во регионот што не воведе санкции кон Русија, а другите земји од Западен Балкан ги усогласија сите свои политики со оние на ЕУ.

Според Европската комисија, институција што ја оценува подготвеноста на една земја за интеграција, Србија е подготвена да го отвори кластерот 3, кој се однесува на конкурентност и инклузивен раст. Овој кластер, всушност, треба да се отвори во декември оваа година.

Но, сега дипломатски извори тврдат дека 2022 година ќе помине без никаков напредок во пристапните преговори, токму поради односите на Србија со Русија.

Можете да прочитате

Египет бара Израел да ги отвори премините со Појасот Газа

Израелски напад во Рафа, загинаа 6 деца и тројца возрасни

Пет тинејџери повредени во пукање во парк во Мерилденд