Утрински Весник
Македонија

Познати се името и презимето на девојчето од Македонија кое се удави во Италија

8927587 30073742 adna islam morta annegata piave pederobba treviso.jpg
Dik 300x250 mk

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија соопшти дека до македонскиот конзулатот во Венеција е доставено известување за трагичен настан што се случил на 29 јуни, во Сан Џакомо ди Педероба, во близина на Тревизо, покрај брегот на реката Пјаве, при што животот го загубило деветгодишно девојче, по потекло од Република Северна Македонија.

-Конзулатот е во редовна комуникација со семејството на починатото лице, со цел завршување на сите неопходни административни постапки за транспорт на посмртните останки во Република Северна Македонија се наведува во соопштението.


Весникот „Ла Трибуна ди Тревизо” објави дека девојчето, Адна Ислам, со македонско потекло и жителка на Кавасо дел Томба, било со своето семејство, родителите Ихмет и Наила и помалите брат и сестра, на попладневен одмор покрај брегот на реката Пјаве.

-Малата Адна си играла на камењата со други девојчиња кога се лизнала и паднала во реката и исчезнала веднаш, повлечена од водната струја – пишува весникот.

Брзо пристигнале пожарникари, карабинери и нуркачи. Нуркачите од противпожарната бригада го пронашле телото на несреќното девојче околу 18:30 часот, заробено меѓу камења.

Како што пишува весникот, градоначалникот и неговата заменичка трогнати од несреќата изразиле длабоко сочувство и подготвеност да му помогнат на семејството на секој начин.

Можете да прочитате

Ужас во Петровец: Жена нападната од сопругот, кој ја тепал и се обидел да ја врзе со каиш

Мицкоски: В недела сите масовно да излеземе на гласање, затоа што додека седите дома, други одлучуваат за вашата иднина

Цветаноски: Демократијата повторно оживеа преку лидерството на Венко Филипче!