Утрински Весник
Свет

Позната состојбата на повредените деца во Белград: седум на операција, девојче се бори за животот

Позната состојбата на повредените деца во Белград: седум на операција, девојче се бори за животот

Осуммина се убиени, а најмалку осум други се повредени во пукањето што утринава се случи во основно училиште во Врачар, Белград, во кое седмоодделенец првин пукал во училишниот чувар, а потоа и во своите соученици, пренесува „Блиц“.

dobivaj vesti na viber

Првичните информации што редакцијата ги добила од терен кажуваат дека се повредени дваесетина луѓе.

„Кога стигнавме на терен, затекнавме осуммина повредени, а чуварот беше мртов. Четири деца се примени на Ургентниот центар и се во операциона сала, а едно девојче меѓу нив е во животозагрозувачка состојба“, велат од брзата помош за „Блиц“.

Според нив, уште три деца се сместени во „Тиршова“, едно дете е во критична состојба и е на операција со тешки повреди на главата. Другите две деца се на интензивна нега и имаат прострелни рани, главно на екстремитетите.

Ранета била и професорка по историја од училиштето, но нејзината состојба засега не е позната.

Можете да прочитате

Путин до Меркел: Ангела, извини, не знаев дека се плашиш од кучиња

Уште една европска земја воведува туристички такси

Путин: Ако Киев стане нуклеарна сила, Русија ќе го употреби целото свое оружје против Украина