Утрински Весник
Македонија

Позната поделбата на ресори, новата Влада може да се формира во текот на неделава

Vlada Na Makedoni A 12022019 Cropped Scaled.jpg

Составот на новата Влада е пред финален договор, потврдуваат повеќе извори независни еден од друг.

Според информациите лиферувани од победничката партија на изборите, кај ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата Твоја Македонија одат министерствата за Внатрешни работиР, Финансии, Транспорт и врски, Образование, Култура, Министерство за надворешни работи, Земјоделие, Локална самоуправа, Одбрана, Енергетика, Политички систем и други.

Коалицијата Вреди ги добива министерството за животна средина и просторно планирање кој во исто време ќе биде и вицепремиер. Потоа министерството за здравство и министерството за социјална политика, демографија и млади, исто припаѓа на Вреди.

Министерството за економија и труд, оди во рацете на ВРЕДИ, заедно со секторот Евроинтеграции, како уште едно министерство без ресор задолжено за добро владеење и транспарентност.

Претседател на Собранието исто така оди во рацете на ВРЕДИ.

И преговорите со ЗНАМ финишираат добивајќи две министерства, министерство за правда и новото министерство за администрација.

Според информациите од ВМРО-ДПМНЕ, но и од Вреди се очекува овие денови да разговорите да завршат, а не е исклучено уште неделава да биде формирана новата Влада, која во Собранието би имала поддршка од две третини од пратениците.

Можете да прочитате

Јанакиевски излегува од затвор – 24info.mk

Убиец баран со потерница падна во рацете на полицијата

Медицинска сестра осудена на две години затвор за кражба на цитостатици – таа е во бегство