Утрински Весник
Македонија

Познат идентитетот на трите починати лица, меѓу кои и малолетник во Неготинско

Aa669aad 0fb4 4b42 86e3 E8d7706fecfa.jpeg

Три лица, меѓу кои и малолетник, попладнево биле пронајдени починати во мала куќа во селото Црвени Брегови, Неготинско. Случајот бил пријавен во ОВР Неготино во 16:35 часот, соопшти СВР Велес.

Според официјалните информации, жртвите се идентификувани како Ј.Ј. (71) од Битола, Ф.Е. (66) од Ресен и малолетно лице од село Црвени Брегови. Лекар од Итната медицинска помош Неготино на лице место ја констатирал смртта, а увид извршил јавен обвинител во содејство со екипа од ОВР Неготино. По наредба на обвинителот, телата на починатите се предадени на обдукција.

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кавадарци потврди дека местото на несреќата е мала куќа која се користела како импровизиран верски објект. „При првичниот преглед на телата не се забележани траги на насилство,“ соопшти Обвинителството.

Како можен извор на трагедијата се испитува исправноста на плинскиот уред за греење што бил користен во објектот. По наредба на обвинителот, ќе се извршат дополнителни проверки на грејното тело, како и детален токсиколошки преглед.

Трагедијата ја потресе локалната заедница, а истрагата продолжува со цел да се утврдат причините за смртта на жртвите.

Можете да прочитате

Земјотрес ги разбуди скопјани – Епицентарот во Албанија

Груби се повлекува од јавниот живот

Мијалков му беше главен ментор на Груби, вели Изет Меџити