Утрински Весник
Скопје

Пожарот во парк-шумата Гази Баба е ставен под контрола

112.webp.webp

Пожарот што избувна во парк-шумата Гази Баба е ставен под контрола, соопшти директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК), Мухамед Али.

Според него, веднаш по пријавата за пожарот, ЦУК ги контактирал и ги координирал надлежните институции, додека Противпожарната бригада на Град Скопје интервенирала на терен.

– Пожарот во парк-шумата Гази Баба е ставен под контрола. Центарот за управување со кризи веднаш ги контактираше и ги координираше надлежните институции, а Противпожарната бригада на Град Скопје интервенираше брзо и професионално на терен – наведува Али.

Тој информира дека бил присутен на местото на настанот заради координација на активностите и следење на состојбата.

Како што посочува, состојбата постепено се стабилизира, а надлежните служби ќе останат на терен до целосно гаснење на пожарот.

Од ЦУК апелираат до граѓаните, доколку забележат пожар, чад или каква било опасност, веднаш да пријават на единствениот број за итни случаи 112.

– Воедно, ги повикуваме граѓаните да бидат особено внимателни при движење во шумски и планински подрачја, да избегнуваат какви било активности што можат да предизвикаат пожар и да ги почитуваат препораките на надлежните институции – велат од ЦУК.

Можете да прочитате

Општина Аеродром: За два месеца 400 тони отпад транспортиран во „Дрисла“

CENTAR NIGHT RUN- прво издание на ноќната урбана трка низ Центар

Ѓорѓиевски и Гоксу го пуштија новото осветлување на Камениот мост