Утрински Весник
Македонија

Пожарот на Водно е вандализам, искршено е и стакло од продавницата на врвот

1708002705 Whatsapp Image 2023 01 22 At 23.22.13.jpeg

Директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК) Стојанче Ангелов вели дека пожарот што утринава изби во планинарскиот дом на Водно е вандализам, додавајќи дека имало уште еден пожар на Водно, а било скршено и стаклото на продавницата во подножјето на крстот на врвот на планината.

„Покрај опожарениот планинарски дом Даре Џамбаз, скршено е и стаклото на продавницата во подножјето на крстот на врвот на Водно. Се работи за вандализам на најмалку три места. Од она што можев лично да го забележам е дека пожарот е започнат надвор од домот, од куп ѓубре или дрва кои биле запалени и според кажувањата на очевидци, пожарот се раширил на дрвената рамка на прозорот на планинарскиот дом од каде што влегол во внатрешноста“, кажа Ангелов.

Директорот на ЦУК вели дека екипи на МВР се на лице место и се бара одговор кој го предизвикал овој пожар, но и пожарот подолу спроти детското одморалиште.

Од Противпожарната единица на Град Скопје претходно кажаа дека пожарот е изгаснат и се работи на расчистување на опожарената просторија во планинарскиот дом. Во гаснењето на пожарот интервенирале седум пожарникари со две возила, а помогнале и вработени од „Паркови и зеленило“.

Можете да прочитате

Приведен крадец во Куманово, одземеното е пронајдено и вратено на сопственикот,

Неделков: СОНК нема донесено одлука за порадикални мерки

Голема акција на МВР во Скопје: Приведени седум лица за поседување дрога