Утрински Весник
Македонија

Пожарот на Галичица е под контрола, на терен се 100 пожарникари

598135 0.basic Kaodaldadfag.jpg

Ситуацијата со пожарот на Галичица е под контрола и будно се следи. Во текот на вчерашниот ден биле ангажирани 120 пожарникари на линија од 10 километри, како и пет возухоплови – три ертарактори и да полициски хеликоптера, информира денеска раководителот за противпожарна заштита во НП Галичица Ѓуро Јовчески.

На источниот фронт пожарот е ставен под контрола. Денеска на терен се 100 пожарникари. Пожарот е на два километра на територијата на Албанија и таму вчера гаселе авиони.

На северниот дел кон Охрид во изминатите два дена се правеле заштитни појаси и таму пожарот е смирен и не се очекуваат проблеми.

Најкритичен дел, како што посочува Јовчески, бил западниот фронт, но и таму состојбата е ставена под контрола, иако има индиции дека повторно можат да се појават жаришта. Можно е денеска да бидат ангажирани два воздухоплова за гасење, едениот во делот кон Преспанското, а другото кон Охридското езеро за да се стави целосно под контрола и да се ликвидира пожарот.

Во изминатите 12 дена колку што таре пожарот на Галичица се слушнале стотина детонации од гранати и друга муниција заостанати од Првата светска војна.

Јовчески вели дека пожарот спласнува, се очекува позитивен развој и негово целосно гаснење

Можете да прочитате

Влада: По една деценија, од денеска граѓаните можат да ги земат од аптеките новите лекови од позитивната листа

Променливо облачно со сончеви периоди

Деветте нови лекови на позитивната листа од денеска во аптеките